МКИФ Делегација на Генералното собрание на Европската Кендо Федерација – Токио, Јапонија
Почитувани,
Би сакале да ве информираме дека делегација на Македонската Кендо – Иаидо Федерација (МКИФ), составена од Претседателот Кесковски Златко и генералниот секретар Никола Балески, учествуваше на Генералното собрание на Европската Кендо Федерација кое се одржа во Токио, Јапонија, во рамките на 16-то Светско Првенство во Кендо.
После десетминутното излагање на претседателот Кесковски за спремноста и капацитетите на Македонија за реализација на ЕП во Кендо, Генералното собрание на ЕКФ донесе едногласна одлуката, Македонија да ја добие организацијата на Европското првенство во Кендо 2016 година.
Организацијата на ваков настан, на кој се планира да учествуаат околу 600 натпреварувачи од 40 земји, ќе биде предизвик, бидејќи Македонија е прва земја од Балканските простори која организара ЕП во Кендо, а воедно истото претставува промоција на нашата земја и култура. Организацијата на ова првенство е со голема поддршка од страна на Агенцијата за млади и спорт како и Спортскиот центар “Борис Треајковски”.
Европското првенство ќе се одржи од 21-24 Април 2016, во Скопје.
Дополнително, МКИФ изрази спремност за организација на Европското првенство во Иаидо во 2018 год во Охрид. Гласањето и одлуката за овој настан е на ЕП во Кендо во Скопје 2016 година.
МКИФ верува во поддршката за успешна реализација од институциите и граѓаните на Република Македонија промовирајќи ги нашите вистински вредности, култура и гостопримливост за големиот број на натпреварувачи кои ќе учествуваат на ЕП во Кендо 2016 година. Исто така МКИФ објавува повик за волонтери кои ќе бидат дел од организацискиот тим на ЕПК 2016.
Македонија и официјално домаќин на ЕП во Кендо 2016-та
На Генералното собрание на Европската Кендо федерација кое се одржа во Токио, Јапонија, во рамките на 16. Светско Првенство во Кендо, беше изгласана одлука организацијата на ЕП во 2016 година да се додели на Македонија.
Во македонската делегација на Собранието во Токио беа претседателот на македонската Кендо – Иаидо федерација (МКИФ), Кесковски Златко и генералниот секретар Никола Балески. Пред изјаснувањето за доделување на организацијата на ЕП 2016, Кесковски во десетминутното излагање ги информира присутните делегати за подготвеноста и капацитетите на Македонија за реализација на еврошампионат.
Организацијата на ваков настан, на кој се планира да учествуваат околу 600 натпреварувачи од 40 земји, ќе биде предизвик, бидејќи Македонија е прва земја од Балканските простори која доби организација на ЕП во Кендо, а воедно истото претставува промоција на нашата земја и култура.
Голема поддршка за организацијата на ова првенство претходно дадоа Агенцијата за млади и спорт и Спортскиот центар „Борис Трајковски”.
Европското првенство ќе се одржи од 21 до 24 Април 2016, во Скопје.
Дополнително, МКИФ изрази спремност за организација на Европското првенство во Иаидо во 2018 год во Охрид. Гласањето и одлуката за овој настан е на ЕП во Кендо во Скопје 2016 година.
МКИФ објавува повик за волонтери кои ќе бидат дел од организацискиот тим на ЕПК 2016.
Балканско првенство во Кендо – Скопје 2014
Балканско првенство во Кендо – Скопје 2014
Кендо – Иаидо Федерацијата на Македонија го најавува Балкансото Првенство во Кендо 2014.
Кога: 18-19 Октомври 2014
Каде: Скопје, Македонија
Блаканското првенство во Кендо ќе биде одржано во спортскиот центар “Борис Трајковски” – во Скопје.
Повеќе информации за настанот на Facebook Event https://www.facebook.com/events/776983985685579/
Агенда:
17.Окт.2014 | 18.Окт.2014 | 19.Окт.2014 |
– 18:00 Пристигнување и прием на националните тимови. Регистрација.19:00 – 21:30
Kendo Keiko |
08:00 – 09:00 Проверка на Shinai09:00- 09:30
Отворање на првенството 09:30 – 13:00 Јуниорски натпревари Индивидуално натрепаварување 13:00 – 13:30 Пауза 13:30 – 17:00 Продолжение на Индивидуално натрепаварување |
08:00 – 08:30Проверка на Shinai
08:30- 09:00 Отворање на натпреварувачкиот ден 09:00 – 14:00 Тимско натпреварување 14:00 Доделување на награди |
Информација за јавност
На барање на Џудо клуб “ПРИЛЕП” од Прилеп, Кендо – Иаидо Федерацијата на Македонија информира дека, лицето Рубин Пеески, не е заведен во Регистарот на Мајсторски звања на КИФМ (MKIF DAN Register), ниту во Регистарот на Европската Кендо Федерација. Истиот не е член во ниту еден од клубовите – членки на КИФМ.
Ваквите лажни претставувања за мајсторска титула во Иаидо и Кендо вештините, подлежат на казни и истите ќе бидат санкционирани од страна на КИФМ преку Агенцијата за спорт и млади. Според законот за спорт, спортската дејност и формирањето на Кендо и/или Иаидо клуб е во директна надлежност и ингеренции на КИФМ.
Со почит,
Никола Балески
Генерален Секретар, КИФМ