КЕНДО
Концептот на Кендо вештината е да се дисциплинира човечкиот карактер преку употреба на принципите на Катаната.
Кендо претставува Јапонска боречка вештина на мечување, со долг меч, наречен шинаи, кој ја заменува вистинската катана во борбите со противник. Целта е да се погоди противникот во глава (men) , во раце (коте) и во тело (до). При вежбање и натпревари се користи заштитна опрема – богу, која се состои од карактерситична заштита за лице, ракавици и заштита за тело.
Целта на практикување на боречката вештина КЕНДО е:
Да се формира духот и телото,
Да се развива здрав,енергичен дух,
И преку правилен и строг тренинг,
да се настојува да се подобри Кендо вештината,
да се почитува човековата чест и достоинство,
да се здружува со останатите на искрени принципи,
и секогаш да се тежи кон сопствен развој.
Ова ќе овозможи поединецот:
Да ја сака неговота/нејзинта земја и општество,
да придонесе за развојот на културата,
и да го промовира мирот и просперитетот меѓу сите луѓе.
(Овој Концепт на Кендо е поставен од Сејапoнската Кендо Федерација во 1975 година)