Структура

Структура
КЕНДО-ИАИДО Федерација на Македонија

Кендо – Иаидо Федерацијата на Македонија е официјално регистрирана спортска федерација во Македонија, чија главна цел е да се развиваат и промовираат јапонските боречи вештини кендо и иаидо во Република Македонија.

На 01.11.2006 година, Собранието на основачите на Кендо – Иаидо федерацијата на Македонија го донесе Статутот на Македонската Кендо – Иаидо Федерација, кој е пишуван врз основа на регулативите на Европската и Интернационалната Кендо Федерација.

На првото Генералното собрание а основачите на КИФМ кое се одржа во Скопје, ги избра:

  • Г-дин Златко Кесковски, за Претседател на Македонската Кендо – Иаидо Федерација
  • Г-дин Никола Балески, за Генерален секретар на Македонската Кендо – Иаидо Федерација

Во 2008 година, почитуваниот кендо учител, Ишии Такаказу, ја прифати поканата да биде технички супервизор кој со своето искуство, експертиза и знаење, го подигна техничкото ниво на кендо и иаидо вештините во Македонија.

 Претседател на Македонската Кендо – Иаидо Федерација
Кесковски Златко

ZK001

 Генерален секретар на Македонската Кендо – Иаидо Федерација
Балески Никола
NBaleski001

 Технички директор на Македонската Кендо – Иаидо Федерација
Ишии Такаказу
ishii_ProfilePic