ФЕДЕРАЦИЈА

Кендо – Иаидо Федерацијата на Македонија е официјално регистрирана спортска федерација во Македонија, чија главна цел е да се развиваат и промовираат јапонските боречи вештини кендо и иаидо во Република Македонија.

Идеата за основање на организиран субјект како федерација, која ќе се грижи за развојот и унапредувањето на кендо и иаидо во Република Македонија, се роди во 2003 година од неколку ентузијасти кои својот живот го посветуваат на јапонските боречки вештини како што се Карате, Џу Џитцу, Јудо, Аикидо и во последните десетина години за Кедно и Иаидо.

На 26.04.2007 година, на Генералносто Собрание на Европската Кендо Федерација, кое се одржа во Лисабон, Португалија, МКИФ беше претставена и прифатеноа како полноправен член на европската кендо фамилија. За претседател на Кендо – иаидо Федерацијата на Македонија е избран Кесковски Златко, а генерален секретар Никола Балески.

Во 2008 година, почитуваниот кендо учител, Ишии Такаказу, ја прифати поканата да биде технички супервизор кој со своето искуство, експертиза и знаење, го подигна техничкото ниво на кендо и иаидо вештините во Македонија.

Изминатите години МКИФ имаше многубројни активности во насока на промовирање, развој и приближување на овие боречки вештини во Македонија. МКИФ го организираше 3то Балканско Првенство во Кендо, со повеќе од 100 учесници од 7 држави. Секоја година Македонската Кендо-иаидо Федерација организира манифецтацијата САКУРА на главниот плоштад во Скопје, каде се презентира јапонската култура и боречки вештини. Исто така, секоја година МКИФ организира интернационални кендо и иаидо семинари и натпревари.

Во досегашните натпреварувања, националниот кендо тим, има освоено повеќе награди во екипна и поединечна конкуренција. Бронза на Балканското првенство во Грција, награда за борбен дух на Европско првенство, како и повеќе медали во поединечна конкуренција на интернационалните натпреварувања.

Македонската Кендо – Иаидо Федерација (МКИФ), како спортска федерација задолжена за развој и промоција на Кендо спортот во Република Македонија,  иако млада федерација која постои 9 години, направи одлични успеси со освојување на повеќе медали на интернационални и европски натпреварувања како и промоција на оваа вештина во Република Македонија преку чии принципи сите практикувачи на оваа вештина го развиваат духот и карактерот, формирајќи се во здрави личности.

Како членка на Европската Kендо Федерација, признаена под уставното име, МКИФ учествува заедно со сите европски федерации во развојот и унапредувањето на Кендо вештината.

Во 2009 година МКИФ успешно го организраше 3-то Балканското првенство во Кендо во Охрид, на кое учествуваа 112 натпреварувачи од 7 земји со 12 реномирани интернационални судии.

Во 2014 година МКИФ успешно го организраше 5-то Балканското првенство во Кендо во Скопје, настан кој беше прелиминарен тест за организација на Европско првенство во Кендо во 2016 година.

Во Македонија, постојат пет клубови кои ги практицираат кендо и иаидо вештините, Зен Кендо Доџо “Јошин”, Вардар Кендо Клуб, Мусаши Кендо – иаидо Клуб, Бушидо Кендо клуб, Теншин кендо доџо.

Денес, намерата на МКИФ е да биде домаќин и да го организира 27-то Европското Првенство во Кедно во 2016 година, во Скопје, при што се очекува пријавување на околу 700 учесници од 40 земји. Исто така високи делегации од Интернационаланта и Јапонската кендо федерација ќе бидат присутни на натпреварувањето, голем број интернационални судии и делегации.

Претседателот на Кендо – Иаидо Федерацијата, Кесковски Златко и генералниот секретар Никола Балески, го примија официјално знамето на Европската Кендо Федерација која формално ја предаде организацијата на нашата федерација и нашата земја.