Историја на КЕНДО

Историја на КЕНДО

Разгледувајќи ја историјата на Кендо боречката вештина постојат неколку битни точки кои не смеат да се пропуштат.
Настапувањето на Јапонскиот меч.

Јапонскиот меч се појавува во средината на 11-от век (средина на Heian Era (794-1185)) имал малку закривено сечило со кренати острици. Оригиналниот модел се претпоставува дека е носен од племе кое било специјализирано за коњанички борби во северна Јапонија, во 9-от век. Од тогаш мечот се користи од страна на Самураите а производствената технологија пораснала брзо за време на раниот Семурајски преиод – владеење на владата (крај на Kamakura Era во 13-от век). Значи, не е претерано доколку се каже дека двете техники со користење на Shinogi од кого потекнува Shinogi-wo-kezuru и Јапонскиот меч биле чисти Јапонски продукти.

w_kendo4

По Onin Војната која се водела кон крајот на втората половина на Muromachi Era (1392-1573), Јапонија се соочила со монархија која траела 100 години. За време на тој период многу школи за Kenjutsu биле отворени. Во 1543 година, во Tenegashima (остров кој се наоѓа на јужниот дел на Јапонија) било донесено огнено оружје. Јапонскиот меч е направен со користење на Tatarafuki метод на леење со висок квалитет на железен песок земан од коритото на реката. Меѓутоа, не требало долг временски период за производство на огнено оружје со користење на железен песок со висок квалитет и истиот метод за производство на мечеви. Како резултат на тоа борбите со тешки оклопи биле заменети со полесни „облеки” за еден-на-еден борба. Борбеното искуство резултирало со напреднување на производството на мечеви како и воспоставување на попрочистени техники за користење на мечот кои се пренесуваат до ден денес во повеќе школи како што се Shinkage-ryu и Itto-ryu.

w_kendo2

Мечувалството како развој на личноста

Со почетокот на Edo Era(1603-1867) во Јапонија започнува релативно мирен период. За време на овој период техниките на Ken (Јапонсиот меч) се промениле од техники за убивање на луѓе до техники за развивање на личноста преку концептите како што се Katsunin-ken која не вклучувала само теории за моќно мечувалство, туку и концепт на дисциплинираниот животен стил на Самурајот. Овие техники биле склопени во воени книги во почетокот на Edo Era. Пример на вакви книги се: “Heiho Kadesho” (Мечот кој дава Живот) од Yagyu Munenori; “Fudochi

Shinmyoroku” (Неограничениот ум) од свештеникот Takuan која била пишана интерпретација на Yagyu Munenori-вата “Ken to Zen” (Меч и Зен) напишана за Tokugawa Iemitsu. Многу други теоретски книги за мачелваството биле објавени за време на средината и крајот на Edo Era. Многу од овие пишани дела настанале класици и влијаеле на многу Кендо ученици денес.

Она што овие книги се обиделе да го пренесат на Самурајот е како да се живее по смртта. Овие учења биле за секојдневниот живот. Самурајот ги проучувал овие книги секој ден, живеел строг живот, се образувал и се посветувал на прочистување на Bujutsu, учел да разликува добро од зло и научил дека во итни случаи треба да биде спремен да загине за неговиот Han (клан) и феудалниот господар. Во денешни времиња Самурајот работи како бирократ или војник. Bushido духот кој еволуирал за ова време, се развил за време на мирниот Tokugawa период. Дури и по падот на феудалниот систем, овој дух живее во мислите на Јапонскиот народ.

w_kendo7

Развој на Ken

Од друга страна како што мирното време минувало, додека Kenjutsu се развивало од Ken кое е создадено всушност од моменталните мечувалски вештини, NaganumaShirozaemon-Kunisato од Jiki-shinkage-ryu училиштето развило нова техника на Ken. За време на Shotoku Era (1711-1715) Naganuma ја развил Kendo-gu (заштитна опрема) и започнал нов метод на тренирање со користење на Shinai (бамбусов меч). Ова било почетокот на Kendo дисциплината. За време на Horeki Era (1751-1764) се започнало со нов метод на тренирање со користење на железен Men (заштита на глава) и Kendo-gu направено од бамбус. За време на Kansei Era (1789-1801), оваа боречка вештина станала многу попопуларна и Самураите патувале надвор од своите провинции за да најдат противник со кого би се бореле.

Во почетокот на 19-от век биле создадени нови типови на опрема како што е Yotsuwari Shinai (бамбусови мечеви сколени тетрааголен меч). Овој нов Shinai бил поеластичен и подолг од својот претходник. Исто така Do е сменето од бамбусов оклоп во кожен и лакиран дел.

w_kendo6

Распуштање на самураите и оформувањето на Dai-Nippin Butoku-Kai

По враќањето на Meiji во 1868, класата Самураи била отпуштена и носењето меч било забрането на јавно место. Како резултат на тоа многу Самураи останале без работа a Kenjutsu опаднало драматично. Понатаму, Seinan конфликтот кој се појавил во 10-тата година од Meiji Era(1877) било неуспешен отпор на Самураите кон Централната Влада. Во 28-та година на Meiji ерата(1829) Dai-Nippin Butoku-Kai е оформена како национална организација за промовирање на Bujutsu вклучувајќи го Kenjutsu.

Во првата година на Taisho(1912), Dai-Nippon Kendo Kata (понатаму именувана како Nippon Kendo Kata) била оформена користејќи го зборот Kendo. Оформувањето на Kendo Kata овозможило унифицирање на многу школи да можат да го пренесат знаењето и понатаму како едно. Било учено дека Shinai треба да се третира исто како и Јапонскиот меч. Во осмата година на Taisho(1919), Nishikubo Hiromichi ги зацврстил оригиналните обележја на Bu (во други зборови Самураи) под името Budo и Kendo.

w_kendo5

По втората светска војна

По втората светска војна, тренирањето Kendo било суспендирано под окупација на Сојузните сили. Во 1952 кога била создадена Јапонската Кендо Федерација, Kendo оживеало повторно. Во моментов Kendo игра голема улога во училишното образование и е популарен помеѓу младите и старите, мажите и жените. Неколку милиони луѓе моментално уживаат во тренинзите на Keiko (Кендо тренинзи).

Кендото добива голема популарност, во 1970 е оформена Интернационалната Кендо Федерација и во истата година е одржано првото Светско Кендо Првенство.