На барање на Џудо клуб “ПРИЛЕП” од Прилеп, Кендо – Иаидо Федерацијата на Македонија информира дека, лицето Рубин Пеески, не е заведен во Регистарот на Мајсторски звања на КИФМ (MKIF DAN Register), ниту во Регистарот на Европската Кендо Федерација. Истиот не е член во ниту еден од клубовите – членки на КИФМ.
Ваквите лажни претставувања за мајсторска титула во Иаидо и Кендо вештините, подлежат на казни и истите ќе бидат санкционирани од страна на КИФМ преку Агенцијата за спорт и млади. Според законот за спорт, спортската дејност и формирањето на Кендо и/или Иаидо клуб е во директна надлежност и ингеренции на КИФМ.
Со почит,
Никола Балески
Генерален Секретар, КИФМ