-
-
MKIF Delegation – EKC GA
Почитувани,
Би сакале да ве информираме дека делегација на Македонската Кендо – Иаидо Федерација (МКИФ), составена од Претседателот Кесковски Златко и генералниот секретар Никола Балески, учествуваше на Генералното собрание на Европската Кендо Федерација кое се одржа во Токио, Јапонија, во рамките на 16-то Светско Првенство во Кендо.
После десетминутното излагање на претседателот Кесковски за спремноста и капацитетите на Македонија за реализација на ЕП во Кендо, Генералното собрание на ЕКФ донесе едногласна одлуката, Македонија да ја добие организацијата на Европското првенство во Кендо 2016 година.
Организацијата на ваков настан, на кој се планира да учествуаат околу 600 натпреварувачи од 40 земји, ќе биде предизвик, бидејќи Македонија е прва земја од Балканските простори која организара ЕП во Кендо, а воедно истото претставува промоција на нашата земја и култура. Организацијата на ова првенство е со голема поддршка од страна на Агенцијата за млади и спорт како и Спортскиот центар “Борис Треајковски”.
Европското првенство ќе се одржи од 21-24 Април 2016, во Скопје.
Дополнително, МКИФ изрази спремност за организација на Европското првенство во Иаидо во 2018 год во Охрид. Гласањето и одлуката за овој настан е на ЕП во Кендо во Скопје 2016 година.
МКИФ верува во поддршката за успешна реализација од институциите и граѓаните на Република Македонија промовирајќи ги нашите вистински вредности, култура и гостопримливост за големиот број на натпреварувачи кои ќе учествуваат на ЕП во Кендо 2016 година. Исто така МКИФ објавува повик за волонтери кои ќе бидат дел од организацискиот тим на ЕПК 2016.