ИАИДО
Иаидо често се преведува како вештина на вадење на мечот од корица, со што се прави разграничување на најбитниот елемент во Иаидо вештината, а тоа е вадењето на мечот од корицата да стане напад. Оваа вештина се вежба и натпреварува со вистински јапонски меч – катана или иаито.
Не постои оружје кое одиграло толку доминантна и симболична улога во историјата на еден народ како што тоа го направила катаната во Јапонија.
Во шеснаесетиот век долгиот меч (daito, katana) и краткиот (shoto, wakizashi), биле обележје на самурауте кои ја поставиле основата на вистинското IAI.
Сепак во првите децении на дваесетиот век биле поставени основите на модерното Iaido, со што вистинскиата примена на катаната на бојните полиња денес се имплементира во индивидуалната едукација на оние кои го практицираат.