Кендо – Иаидо Федерацијата на Македонија е официјално регистрирана спортска федерација во Македонија, чија главна цел е да се развиваат и промовираат јапонските боречи вештини кендо и иаидо во Република Македонија.
Идеата за основање на организиран субјект како федерација, која ќе се грижи за развојот и унапредувањето на кендо и иаидо во Република Македонија, се роди во 2003 година од неколку ентузијасти кои својот живот го посветуваат на јапонските боречки вештини како што се Карате, Џу Џитцу, Јудо, Аикидо и во последните десетина години за Кедно и Иаидо.
На 26.04.2007 година, на Генералносто Собрание на Европската Кендо Федерација, кое се одржа во Лисабон, Португалија, МКИФ беше претставена и прифатеноа како полноправен член на европската кендо фамилија. За претседател на Кендо – иаидо Федерацијата на Македонија е избран Кесковски Златко, а генерален секретар Никола Балески.
Во 2008 година, почитуваниот кендо учител, Ишии Такаказу, ја прифати поканата да биде технички супервизор кој со своето искуство, експертиза и знаење, го подигна техничкото ниво на кендо и иаидо вештините во Македонија.
Денес, намерата на МКИФ е да биде домаќин и да го организира 27-то Европското Првенство во Кедно во 2016 година, во Скопје. Претседателот на Кендо – Иаидо Федерацијата, Кесковски Златко и генералниот секретар Никола Балески, го примија официјално знамето на Европската Кендо Федерација која формално ја предаде организацијата на нашата федерација и нашата земја.