ИАИДО речник

ИАИДО речник

Основи

Zanshin  – Овој збор не може да се преведе но може да се објасни како свесност за она што е наоколу, за можните закани и опасности и сл. Zanshin се однесува на состојбата на умот после завршената акција

Ma (Maai) – Тајминг. Интервали на напаѓање. Нападите мора да се вршат во правилни интервали.

Metsuke  – Фокусирање на очите

Te-no-uchi  – Држење на мечот. Мечот мора правилно да се држи за да има ефективно nukitsuke и kirioroshi. Оној кој е Иаидо мајстор може лесно да препознае искусен мечувалец од почетник само по неговото Te-no-uchi.

Техника

Без оглед на стилот кој се практикува, процедурата во изведувањето ката секогаш се состои од четири дела:

Nukitsuke (Nukiuchi) – Повлекување на мечот во пресрет на ненадејна средба

Kirioroshi (Kiritsuke)  – Напад на замислен противник

Chiburi (Chiburui) – Тресење на крвта на непријателот од сечивото, секогаш во состојба на Zanshin

Noto – Во последниот дел мечот секогаш се враќа во корицата која стои на левиот колк без притоа да се гледа во него, секогаш во состојба на Zanshin

Kати

Постојат десет кати разделени на три дела. Првите три кати се изведуваат во Seiza no bu (седечки став), четвртата ката се изведува во Tatehiza no bu (клечечки став) и од петтата до десетата катите се изведуваат во Tachi no bu (стоечки став)

Seiza no bu (Изведено од седечки став)
Иаидо •Ippon me (Прва): Mae (Напред)
Сечење kirioroshi на противникот од напред во seiza.

•Nihon me (Втора): Ushiro (Позади)
Сечење kirioroshi на противникот од позади во seiza.

•Sanhon me (Трета) : Uke nagashi (фати и извлечи)
Блок ukenagashi и дијагонално сечење kesa во лев став со приоѓљање.
Tate hiza no bu
•Yonhon me (Четврта): Tsuka ate (Удар со tsuka)
Удар, бодење и сечење врз два противника, едниот е напред а другиот позади во seiza.
Tachi no bu
•Gohon me (Петта): Kesa giri (Дијагонално сечење)
Дијагонално сечење kesa на противникот кој приоѓа од напред.

•Roppon me (Шеста): Morote tsuki (Бодење со две раце)
Сечење и бодење на два противника, едниот приоѓа од напред, а другиот од позади.

•Nanahon me (Седма): Sanpo kiri (Сечење во три правци)
Сечење на три противника, едниот приоѓа од напред, а другите од лева и десна страна.

•Hachihon me (Осма): Ganmen ate (Удар во центарот на лицето)
Сечење и бодење на два противника, едниот приоѓа од напред, а другиот од позади.

•Kyuhon me (Деветта): Soete tsuki (Странично сечење со сечивото)
Турјкање на противникот во десно оставајќи ја раката на колк.

•Jyuppon me (Десетта): Shiho kiri (Сечење во четири правци )
Сечење и бодење на четири противника.

Во есента 2000 godina, Јапонската Кендо Федерација (Zen Nihon Kendo Renmei – ZNKR) додаде уште две кати “Sou giri” и “Nuki uchi”.
•Jyu-ippon me (Единаесетта): Sou giri
Сечење повеќе пати на противникот кој стои напред.

•Jyu-nihon me (Дванаесетта): Nuki uchi
Правење простор и сечење на противникот кој стои напред.

Стадиуми во обуката

1. Keiko

Оваа фаза подразбира сосема едноставна обука или тренинг

Во оваа фаза суштинските движења се усовршуваат со бавно повторување, преку поделба на катата на компоненти, со цел да се сфати како техниката би се имплементирала во борбена ситуација.

Со ова мечувалецот ги осознава принциприте на Metsuke (правилно држење на погледот) Seme (притискање или туркање) со цел контрола врз противникот од Maai (борбена дистанца) и Ma (тајминг)
За ова изучување се потребни околу пет години редовен тренинг

Истовремено, после 3-4 месеци вежбање KEIKO мечувалецот почнува да ја изучува втората фаза Tanren

2. Tanren

Tanren значи ,,ковање,, на ист начин како што е ковано сечивото на мечот, со напорна работа и пот и многу часови на посветеност соединувајќи ги тврдите и меките елементи во телото, умот и движењата, исто како што мечот ја добива силата од тврдиот и мекиот челик.

Студентот засилено вежба без обзир на исправноста на движењата (тие секако мора сепак да бидат исправни и ефектни) и ја повторува катата непрекинато со чувство на Shinken Shobu (борба до смрт со вистински меч)

Во оваа фаза ставовите се подобруваат, движењата стануваат поприродни, техниките поефективни, поради тоа што тајмингот е подобро контролиран и помалку предвидлив

Како довербата се зголемува и Kigurai (држење, однесување) се развива, обуката преминува во фазата наречена Renshu

3. Renshu

Ren значи усовршување преку континуирано вежбање на keiko и tanren

Тоа исто така значи и усовршување на духот и карактерот преку осознавање на деталите и толкувањата

Да се покаже чувствителен карактер без еготистична гордост и ароганција стекнат со упорен тренинг

Овој степен не се наградува подолу од ранг на 6-ти Дан и единствено може да се стекне од All Japan Kendo Federation (ZNKR)

По овој стадиум движењата стануваат бавни и меки, изгледаат помалку ефективни, но техниката има облагороден квалитет, не се користи сила до моментот кога мечот всушност пресекол, а телото останува лежерно но умот е постојано на штрек и спремен на опасност.