Историја
Не постои оружје кое одиграло толку доминантна и симболична улога во историјата на еден народ како што тоа го направила катаната во Јапонија.
Според митологијата, Јапонскиот император потекнува од божицата на сонцето Omikami. Еден од трите знаци на кралското достоинство на императорот, покрај огледалото и скапоцените камења на круната, е и мечот кој богот Susanoo и го дал на Amaterasu откако со него го победил змејот со девет глави. Денешниот јапонски меч потекнува од осми век кога воините користеле tachi (подолга верзија на денешната катана). Овој меч имал права линија и поради својата должина не бил доволно практичен. Поради ова металскиот работник Amakuni направил меч со закосено сечиво кој бил многу поефективен, а со текот на времето должината на мечот се намалила и ова оружје станало совршено за борба “гради во гради”
Во шеснаесетиот век долгиот меч (daito, katana) и краткиот (shoto, wakizashi), биле обележје на самурауте кои ја поставиле основата на вистинското IAI.
На крајот на турбулентните периоди Muromachi и Momoyama и за време на релативно мирниот Edo период од јапонската историја, па се до деветнаесетиот век, самураите биле дел од владеачката феудална класа, која одиграла голема улога во развојот на боречките вештини и во јапонската култура воопшто.
1867 година со почетокот на Meiji периодот, врз Јапонското општество било извршено големо влијание од страна на Западот. Во овој период се забранило носењето на меч, што всушност претставувало удар врз скоро сите традиционални боречки вештини.
Сепак во првите децении на дваесетиот век биле поставени основите на модерното Iaido, со што вистинскиата примена на катаната на бојните полиња денес се имплементира во индивидуалната едукација на оние кои го практицираат.
Вештините со меч кои денес ги знаеме и практикуваме се мисли дека ги поставил Iizasa Choisai, основачот на Tenshin Shoden Katori Shinto Ryu. Оваа школа вклучува употреба на многу оружја, од меч и стап до копје и нож. Еден дел од неговата програма, наречен Iai Jutsu била брзо влечење и инстант употреба на мечот, било во самоодбрана или напад.
Hayashizaki Jinsuke Minamoto no Shigenobu (1542-1621) ги собрал техниките од различни школи во форма која ја нарекол Iaido или Iaijitsu. Се верува дека Hayashizaki Jinsuke Minamoto no Shigenobu (1542-1621) слично како и Iizasa Choisai добивал боженствена инспирација која го поттикнувала развојот на неговата вештина наречена Muso Shinden Jushin Ryu Batto Jutsu.
Значајно и заеднички на двете школи, како и на многу други школи кои нагласено се занимаваат со повлекувањето на мечот, е тоа што вештината ја практицираат само преку кати.